Џејн Фонда е заштитно лице на новата линија за спортска облека на H&M

3 август 2022

Утре, на 4 август, модниот гигант лансира нов бренд наречен H&M Move кој има за цел да ја демократизира спортската облека и да ги мотивира луѓето, без разлика на својата возраст и животен стил, да станат физички поактивни.

Според брендот и нивната објава на официјалнат страна, „движењето е добро за сите, дури и за оние кои не важат за спортски типови. Новиот бренд ќе им помогне да се движат удобно и самоуверено. Брендот ќе понуди парчиња за мажи, жени и деца кои се дизајнирани за сите видови на движење, а првата линија која ќе биде претставена утре се вика Move Essentials и ќе донесе функционални топови, лесни јакни и широк избор на хулахопки и спортски градници", велат тие.

На новиот Инстаграм профил посветен на овој бренд, H&M веќе почна да ја објавува кампањата, а помеѓу првите заштитни лица кои се појавуваат се врбојуваат кореографката Жакел Најт, која ја дизајнираше кореографијата за настапите на Бијонсе за Single Ladies и Formation и фитнес легендата Џејн Фонда.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Cecilia (@jane.and.fonda)

По тој повод, Фонда, која оваа година ќе наполни 85 години, даде ексклузивно интервју за Vogue и откри дека ѝ се допаѓа преминот од зборот „спортување" во „движење" и дека генерално поддржува да се повикува целиот свет да се движи бидејќи тоа таа го прави цел живот.

- На 85-годишна возраст ми е уште појасно отколку кога бев млада дека не е важно колку години имаш, кој си и каде си, движењето е апсолутно неопходно за здрав живот. - вели таа.

Фото: Vogue

Фонда е и голем борец за заштита на животната средина, па Лорен Валенти од Vogue ја праша како соработката со high street бренд како H&M се поклопува со нејзините принципи во оваа работа?

Фото: Vogue

Фото: Vogue

- Тие се посветени на создавање позитивно влијание врз планетата преку целиот производствен синџир, почнувајќи од дизајн и производство, па сè до иновативните материјали, испоракате, пакувањето, луѓето на кои им се обраќаат, луѓето кои работат за нив во фабриките и нивните работни услови. - изјави Фонда.

Фото: Vogue

Објавено:
3 август 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
277 пати