Џени од Blackpink ќе ја предводи есенската рекламна кампања на Келвин Клајн

27 август 2022

Откако веќе оствари соработка кон почетокот на оваа година, к-поп ѕвездата и член на сензацијата Blackpink, Џени, продолжува да соработува со брендот Келвин Клајн.

На почетокот на оваа недела, брендот откри дека Џени ќе биде вклучена во нивната најнова реклама. „Вие побаравте. Ние испорачавме. Џени!", гласеше описот на официјалната објава на Келвин Клајн на Твитер.

Фотографиите, дело на Аласдаир Меклелан, кои беа објавени на официјалните социјални медиуми на Келвин Клајн како најава закампањата, ја прикажуваат младата пејачка како носи црн Bonded Flex градник и бикини во комбинација со црни фармерки и бакарно-црвена коса.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Calvin Klein (@calvinklein)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Calvin Klein (@calvinklein)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Calvin Klein (@calvinklein)

Кампања ќе започне на 31 август на билбордите во Њујорк и Лос Анџелес подоцна оваа есен.

Џени претходно се појави во пролетната кампања во 2022 година во февруари, заедно со Доминик Фајк, Соланж Ноулс и многу други, додека пак минатата есен, пејачката се појави како едно од заштитните лица на колекцијата на Келвин Клајн за есен 2021 година, наречена „Јазикот на Келвин Клајн", придружувајќи им се на други познати фигури како Каја Гербер и Демсон Идрис.

Меѓу другото, таа беше избрана и како ново лице на кампањата на Шанел, „Коко Нејџ", колекцијата за зимски спортови набрендот.

Џени е најпозната по тоа што е една од четирите членови на популарната јужнокорејска женска поп група Blackpink, во која се вклучени и Џи-су Ким, Лалиса Манобал и Чејонг „Розеан" Парк.

Објавено:
27 август 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
118 пати