Џенифер Анистон лансираше козметички бренд за коса

14 септември 2021

Фризурата на Џенифер Анистон, посебно онаа од првите сезони на „Пријатели“ е една од најпосакуваните и најчесто бараните.

Имајќи го тоа на ум, актерката реши да направи нешто конкретно и неодамна лансираше своја козметичка линија посветена на производи за коса - LolaVie.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by LolaVie (@lolavie)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by LolaVie (@lolavie)

Анистон објаснува дека името на брендот е од нејзиниот прекар Лола и францускиот збор за живот (Vie), со што сака да каже дека секогаш живее на свој, автентичен начин, а токму тоа е и пораката што сака да ја пренесе и на нејзините идни клиенти и консументи на производите.

Воедно, за странските медиуми вели дека сите производи се вегански и во составот имаат најголем процент природни состојки.

Првиот претставен производ е Glossing Detangler, кој во својот состав има чиа, бамбус, екстракт од лимон, а служи за расчешлување на косата и нега на влакното. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by LolaVie (@lolavie)

Цената изнесува 25 долари, но овој и останатите производи засега се достапни само за САД, но планирано е да се прошири и на европскиот пазар.

 

Објавено:
14 септември 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.288 пати