Вчеравечер на Модната недела во Милано, Донатела Версаче им приреди возбудливо изненадување на гостите на нејзината ревија за Версаче.
... А следуваше на крајот од ревијата, кога 50-годишната Џенифер Лопез го затвори шоуто со атрактивно дефиле на модната писта во легендарниот зелен фустан што таа за прв пат го носеше на Греми наградите во 2000-та година и оттогаш стана култен модел по кој нивната заедничка соработка стана препознатлива.
Самоуверено Џеј Ло чекореше по писта додека сите погледи и камери го следеа нејзиниот чекор, а потoа видеата вирално се пренесоа на сите социјални мрежи и светски медиуми.
Коментарите по нејзиното појавување не стивнуваат, а се однасуваат на нејзината неверојатна енергија и „вонземски" изглед како што ќе кажат многумина.
View this post on Instagram