Џенифер Лопез го „запали“ Бразил на отворањето на светското фудбалско првенство

13 јуни 2014

Како што и се очекуваше, неверојатната Џенифер Лопез вчеравечер го отвори светското фудбалско првенство на спектакуларен начин како што само таа знае.

 

Во друштво на популарниот Пит Бул и бразилската пејачка Клаудиа Леите тие направија вистинска церемонија за паметење во моментално омилениот град во светот Сао Паоло, изведувајќи ја официјалната песна на светското првенство We are One (Ole Ola).

Прекрасната 44 – годишна пејачка уште еднаш докажа зашто е една од најпосакуваните жени во светот, кога на неверојатната сцена се појави во уметнички изработен корсет во зелена боја во комбинација со секси хулахопки и сандали на Кристијан Лубутан.

Иако пред самиот почеток на светското фудбалско првенство се шпекулираше дека има големи шанси таа да го откаже присуството, со оглед на нејзиниот неверојатно енергичен и одличен настап, очигледно беше дека тоа воопшто и не било вистина.

Одличното трио во комбинација со неверојатната организација на Бразилците на самата церемонија, направи одлична атмосфера и вистински спектакл во кој уживаа сите оние што имаа можност да присуствуваат на отворањето.

Она што дополнително придонесе да се случи неверојатниот спектакл дефинитивно беа и одличните подготовки на Бразилците кои успеаја да направат вистинска карневалска атмосфера во Арената Коринтијанс по што и се најмногу познати.

Дел од овој светски фудбалски спектакл беа околу 60.000 фанови кои го обоија стадионот во боите на Бразил и имаа можност да уживаат во неверојатните точки на бразилските танчери.

Креативниот директор на организацијата на самото шоу Дафне Корнез по спектакуларното шоу изјави дека истото е еден вид на оддавање на чест на уникатните бразилски убавини и богатства како фудбалот, природата и самиот народ.

Она што е особено важно да се спомене е дека за сето тоа да изгледа толку магично, на организацијата и биле потребни повеќе од 300 техничари, 150 вработени во продукција и повеќе од 90 лица за подготовка на теренот.

Оваа година во Бразил отпатуваа и многу познати личности кои ги бодреа своите тимови, а меѓу нив и Леонардо ди Каприо, Жизел Бундшен, Алесандра Амбросио, Ерос Рамацоти, балканската ѕвезда Северина и многу други.

Северина Северина

Отворањето на светското фудбалско првенство во најголемиот град во Бразил го следеа неколку стотици милиони луѓе ширум светот, а за сето тоа да изгледа толку магично и беспрекорно, организаторите потрошија околу 4.7 милиони фунти.

Ние веруваме дека сите го погледавте отворањето, но доколку поради некоја причина го пропуштивте, истото можете да го погледнете на следниов " target="_blank">линк.

Објавено:
13 јуни 2014
Категорија: 
Актуел