Џенифер Лопез, имаш стилска двојничка во Македонија

29 јануари 2020

Неодамна пишувавме за супер тандемот мајка и ќерка од Скопје, кои на Инстаграм се вистинска сензација со оглед на нивните секогаш досетливи, шарени и симпатични објави на профилот @sparklydaughter.

Низ содржината на овој интересен Инстаграм профил во последно време актуелни се фотографиите на кои малото девојче со помош на нејзината мајка, осмислуваат костими со кои прават копија на изгледот на познатите.

По Кејти Пери, следна е Џенифер Лопез како нивна инспирација.

Изгледот од кој е позајмена инспирацијата, вклучува макси наметка во нијанса на лимон, како и впечатлив накит на рацете.

На објавата е направена споредба меѓу изгледот на Џенифер и нашата мала протагонистка.

Па според вашето мислење, на која подобро ѝ стои? :)

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Sparkly Daughter (@sparklydaughter) onJan 26, 2020 at 12:13pm PST

Објавено:
29 јануари 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
19.916 пати