Џенифер Лопез на врвот на светот за Harper’s Bazaar!

15 март 2018

Мега ѕвездата, 48-годишната Џенифер Лопез е на насловната страна на новото, априлско издание на магазинот Harper's Bazaar.

Таа го ужива врвот на својата кариера во шоу бизнисот, а истовремено е во љубовна врска со Алекс Родригез која очигледно е нејзиниот центар на светот покрај децата.

Оваа фаза од животот на една од најпопуларните женски фигури, метафорично е прикажана и во едиторијалот што таа специјално го направи за магазинот, пропратен со интервју во кое зборува за нејзиното искуство со сексизмот во Холивуд и кампањата #MeToo, за врската со Алекс Родригез, за нејзиниот став во однос на бракот како институција, како и за нејзиниот однос кон работните обврски.
„Отсекогаш сум имала потреба да се докажувам. Можеби е добро да се поседува таа особина", вели во еден дел од интервјуто Џеј Ло, која се смета за вркохолик.

Исто така не крие дека честопати во својата кариера се соочила со непристојни понуди.

„Дали некогаш режисер побарал од мене да му ги покажам градите? Да. Дали сум го направила тоа? Не!", вели пејачката и актерка која ја подржа глобалната кампања против сексуалното малтертирање на жените, #Me Too.

Во поголем дел од интервјуто, таа зборува за нејзината љубовна врска со Родригез и го користи секој начин да му изрази љубов.

„Врската ни е добра, здрава, добро комуницираме. Си ги разбираме животите еден со друг на начин на кој повеќето луѓе не можат. И двајцата влеговме во окото на јавноста во нашите рани 20-ти години и успеавме да се надминеме уште од самиот почеток. И тоа влијае на секоја динамика во животот, од семејството, до работата, до врските" – вели Џеј Ло.

Интервјуто може да го причитате на овој линк.

Објавено:
15 март 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
917 пати