Џесика Алба дизајнираше колекција тренди фармерки

3 февруари 2016

Џесика Алба е уште една од холивудските ѕвезди кои покрај сѐ останато, работат и како дизајнери. 

Она што последно таа го дизајнираше е колекција тренди фармерки за брендот DL1961 со кого неодамна оствари и соработка како нивно заштитно лице. 

Убавата актерка е задолжена за креирање на неколку модели за брендот кои ќе бидат достапни во нивните продавници кон крајот на август. 

„Фармерките што ќе ги дизајнирам ќе ја слават убавината на женското тело и ќе ги истакнат нивните облини“, вели познатата актерка. 

Таа додава дека за неа е многу важно тоа што станува збор за бренд кој води сметка за екологијата и материјалите што ги користи при производство. 

„Компанијата има сопствен состав на филтрација што ја прочистува водата пред да ја пушти назад истовремено водејќи сметка за екологијата, но и за кул дизајните“, посочува Алба. 

Во продолжение погледнете како ќе изгледа дел од колекцијата.

Објавено:
3 февруари 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.384 пати