Џесика Харт е жена на годината според GQ

22 ноември 2013

Австралиското издание на магазинот GQ титулата жена на годината ја додели на прекрасната манекенка на Викторија Сикрет Џесика Харт.

Најголемата модна ѕвезда од овие краишта, секако после Миранда Кер, и покрај ваквото признание, вели дека се уште не е сигурна дали е доволно добра во својата работа.

Таа истакна дека и е многу драго што ваквото признание го доби токму во нејзината родна земја.

„Секогаш мислам дека можам да направам многу повеќе од ова, гледам што да направам следно, за подобро да го искористам своето време. Тешко ми е да бидам задоволна само со она што досега сум го направила. Секогаш мислам дека тоа не е доволно“, изјави Харт.

Статуетката на манекенката се најде и на нејзиниот Инстаграм профил Статуетката на манекенката се најде и на нејзиниот Инстаграм профил

Оваа прекрасна манекенка беше една од ѕвездите на овогодинешното шоу на Викторија Сикрет, што неодамна се одржа во Њујорк.

Објавено:
22 ноември 2013
Категорија: 
Актуел