Џесика Харт исфрлена од Викторија сикрет?

4 декември 2013

 

Неизвесна иднина ја очекува манекенката на Викторија сикрет, Џесика Харт, поради критиките кои и ги упати на Тејлор Свифт после нејзиниот настап на шоуто, како специјален гостин, кое беше одржано на 13 ноември.

Њујорк пост објави  дека одговорните лица на Викторија сикрет одлучиле Џесика повеќе да не биде дел од наредните ревии на овој моден гигант. Исто така, одлучено таа да не учевствува и на снимањето на каталозите.

 

 

Австралиската убавица изјави дека Тејлор Свифт едноставно не се вклопува во модниот програм на Викторија сикрет за 2013 година.

„Сметам дека Тејлор е одличен  уметник, но кога би размислила подобро, таа не заслужува да биде дел од шоуто. Јас работев 15 години за да прошетам по таа писта“, изјави Харт за медиумите.

 

 

На прашањето дали може пејачката да ја замисли во улога на модел за долна облека, Харт одговори:

„Не,  секоја чест за неа, супер е, но според мене неа не и местото тука.“

Пет дена по дадената изјава, Џесика Харт која влезе во семејството на Викторија сикрет во 2012 година, се обиде да ја ублажи навредата упатена кон пејачката велејќи:

„Јас ја обожавам Тејлор Свифт и бев мошне возбудена што заедно ќе учевствуваме на ревијата. Таа е вистинска ѕвезда и дефинитивно ги собра сите симпатии на шоуто“, вели Харт, но веројатно од тоа нема придобивка.

Објавено:
4 декември 2013
Категорија: 
Актуел