Џиџи Хадид со црно лице на насловната на италијански Вог

4 мај 2018

Веројатно деновиве на Инстаграм ја погледнавте новата насловна на италијанскиот Вог на кој се најде познатата манекенка Џиџи Хадид со темно обоено лице.

Магазинот веднаш се најде на мета на критичарите кои ќе кажат дека манекенката се шегува со црномурестите жени и со оние кои прекумерно користат производи за самопотемнување.

Веднаш штом насловната беше објавена, пристигнаа лавина негативни коментари.

„Најлоша насловна страница било кога. Можевте да најдете друг модел што подобро ќе ја завршеше работата“.

„Ова би требало да е Џиџи? Бидејќи сте ја фотошопирале до степен што целосно личи на друга девојка“.

„Има толку многу талентирани модели што подобро ќе ја завршеа работата и ќе направеа подобра насловна“, беа само некои од коментарите.

Но, манекенката има и голем број обожаватели кои напишаа дека убавината се гледа одвнатре и дека насловната е неверојатна.

Магазинот пак, излезе со официјална изјава:

„Низ историјата, Вог Италија ги почитуваше и охрабруваше креативните визии на сите фотографи со кои работевме. На последната насловна фотографирана од Стивен Клајн, замислата беше да создадеме фотографија која ќе биде одраз на летото, на плажата со бронзен ефект. Разбираме дека резултатот предизвика дебата помеѓу нашите читатели и искрено се извинуваме ако навредивме некого“, напишаа челните луѓе на магазинот во официјалната изјава.

Што мислите вие?

Објавено:
4 мај 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
916 пати