Непрепознатлива и изненадувачки смела, супермоделот Џиџи Хадид (27) се појави со импресивен стајлинг и фризура која ѝ пркоси на гравитацијата на насловната страница на Vogue Italia за септември 2022 година.
Идејата зад овој креативен и уникатен концепт е британската фризерка Јуџин Сулејман, која претходно соработувала со Лејди Гага, и која за овој стајлинг на Џиџи се одлучи за крената руса коса која наликува на пламен од свеќа.
Фото: Vogue
Кога минатата недела Џиџи ја сподели сликата на својот Инстаграм , таа доби голем број комплименти и шеговити коментари, како тоа дека овој изглед наликува на „Троловите на Dreamworks, ама во стил на Џиџи Хадид", или пак дека е модна верзија на „Хад од Херкулес".
На фотографијата за насловната страница на изданието кое кое е посветено на „новиот свет на модата", Џиџи позира во црна јакна и соодветно макси здолниште.
Џиџи, исто така, ја прикажува моќната фризура и во низа други модни фотографии во изданието на Vogue Italia. Во една, таа носи црн капут потпишан од Max Mara Atelier од чиста волна, додека пак во друга моделира облечена во комбинезон изработен од црвена лента, држејки кожна чанта Balenciaga в рака.
Фото: Instagram
Фото: Instagram
За фотосесијата, супермоделот соработување со фотографот Раф Павароти и уредничката Грејс Кодингтон.
Работата со неа е забавна бидејќи таа никогаш не оди по очигледниот пат, таа секогаш е во потрага по имиџ кој е малку екстравагантен и ексцентричен. - вели Џиџи за Грејс. - Како модел, особено во овој момент од мојата кариера, среќна сум што таа прашува „Џиџи, ќе се налутиш доколку ја изберам оваа малку необична поза?", а јас одговарам: „Грејс, ми се гади што постојано се гледам себеси на ист начин. Само напред!" Навистина ме става во поинакво светло.
Фото: Instagram
Фото: Instagram
Фото: Instagram
Фото: Instagram
Фото: Instagram