Со одличните музички настапи на Ели Гулдинг, Селена Гомез и The Weeknd, вчеравечер во Њујорк се одржа долго очекуваното шоу на Викторија Сикрет.

Сосема нормално, најголемо внимание привлекоа новите ѕвезди Кендал Џенер и Џиџи Хадид кои одлично се снајдоа во улогата на ангели.

Оваа година, на девојките на пистата требаше да им се придружи и Ријана како музичка поддршка, но таа во последен момент го откажа настапот поради работни обврски.

Како и секоја година, така и оваа покрај секси девојките и долната облека, имаше и одлично музичко шоу со прекрасната Селена Гомез, Ели Гулдинг и The Weeknd.

На пистата и оваа година прошетаа некои од најубавите девојки во модниот свет со легендарните крилја и уште полегендарните градници што од година во година се сѐ поубави.

Оваа година, честа да го носи градникот од два милиони долари, и припадна на единствената Лили Олдриџ која одлично се снајде во улогата.

Ревијата на Викторија Сикрет речиси никогаш не е поврзана со актуелни трендови во модата, ниту пак со она што ќе се носи следната сезона, па така и оваа година тие прикажаа долна облека соодветна на нивниот стил.

Во галеријата погоре, погледнете ја одличната атмосфера од шоуто и прекрасните девојки!

Објавено:
11 ноември 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.860 пати