Џил Бајден е на августовската насловна на магазинот „Вог“

29 јуни 2021

Американското издание на „Вог“ денеска објави фотографија од августовската насловна страна, а на неа се наоѓа првата дама на САД, Џил Бајден.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

 

Прашање на време беше кога ќе ѝ отстапат место за кое на Маланија Трамп ѝ кажаа категорично не.

„За време на кампањата чувствував многу анксиозност кај луѓето. Беа исплашени. Но, кога сега патувам низ земјата, чувствувам дека луѓето повторно дишат“, вели Бајден.

Целото интервју е на линкот тука, а зад фотографиите се потпишува Ени Лебовиц.

Дел од нив се постари фотографии, а дел се направени специјално за августовското издание.

На насловната страна Џил Бајден носи цветна креација од Оскар де ла Рента, модна куќа на која често ѝ ја дава довербата, додека пак на другите фотографии носи комплети од Ралф Лорен, односно Мајкл Корс.

За неполни половина час од објавата  на „Вог“ на социјалните мрежии имаше преку 40.000 коментари и тоа мошне различни - од „Се сеќавате во времето кога „Вог“ беше списание за мода“, „Само бидејќи е демократка го направивте овој чекор“, „Трамп ќе биде мнооогууу лут“, „На Меланија не ѝ се допаѓа ова“, па сè до „Прекрасна е, ја обожавам“, „Прва дама каква што ни треба“, „Жена за пример“.

 

Објавено:
29 јуни 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
371 пати
Тагови: 
Џил Бајден