Џон Галијано го доби случајот против Кристијан Диор

29 ноември 2013

Апелациониот Суд во Париз и нареди на француската модна куќа и модниот бренд да му исплатат по 2500 евра на Галијано и да ги покријат сите судски трошоци. Дизајнерот кој во март 2011 година беше отпуштен од Диор поради антисемитските изјави, бараше оштета од вкупно 6 милиони долари. Секако модната куќа не ја прифати оваа понуда и реши да го однесе случајот на суд, сметајќи дека по таквиот скандал тој нема да има никакви шанси.

Сепак адвокатот на Галијано сметал дека дизајнерот не бил испочитуван според договорот кој претходно го потпишал, а тука е и уредувачката политика на Диор, според која не треба да постои расна дискриминација и треба апсолутно да се почитува човековата слобода.

Објавено:
29 ноември 2013
Категорија: 
Актуел