Џорџ и Амал Клуни доаѓаат во Македонија

1 април 2019

После папата, Македонија ќе ја посетат и светски ѕвезди!

Сè повеќе филмови се снимаат на Балканот. Природата и визуелно неистрошените места се едни од главните причини поради кои режисерите се одлучуваат да ги посетат нашите краишта.

На таков чекор се одлучи и Џорџ Клуни.

Светските медиуми пред малку ја пренесоа веста дека актерот и Амал Клуни ќе доаѓаат на Балканот. Како причина се наведува нов филмски проект на Клуни, во кој тој се јавува како продуцент, а кој ќе се снима на неколку места во Албанија, Грција и Македонија.

Снимањата ќе започнат кон крајот на мај, а засега е познато дека Амал ќе го придружува на дел од снимањата.

За потсетување, францускиот филм "А Фонд" на режисерот Николас Бенамо исто така беше сниман во државава, поточно на скопската обиколница.

Она што за сега не е познато е каде ќе престојува познатата двојка, но она што е познато е дека ние на овој начин ви го честитаме Денот на шегата :)!

Објавено:
1 април 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
5.563 пати