Џорџ Клуни на свадбата ќе носи одело од Армани

7 август 2014

Ова всушност и не е некоја новина доколку се земе во предвид фактот дека актерот е долгогодишен фан на модната куќа Армани и секако не смее да се заборави дека модниот дизајнер направи вистинска револуција во однос на машките одела.

Тим од дизајнерката куќа веќе ги започна сите неопходни подготовки. Иако парот моментално е во Лондон, сепак локацијата на свадбата која ќе се одржи на 20 септември ќе биде во Венеција, на имот кој цел викенд ќе биде изнајмен за убавиот повод.

Во однос на понежната половина, постојат гласини дека младенката ќе носи венчаница на Оскар де ла Рента, но сепак Амал се' уште нема донесено конечна одлука.

Објавено:
7 август 2014
Категорија: 
Актуел