Џорџа Меј Џегер ја создаде совршената кожена јакна за Мулбери

1 септември 2015

Прекрасната ИТ девојка и модел Џорџа Меј Џегер е последната шик девојка која ќе креира колекција кожени јакни за светскиот бренд Мулбери.

Иако неодамна имаше гласини дека брендот се соочува со тешки финансиски проблеми, очигледно тие никогаш нема да се откажат од праксата да ангажираат познати девојки за соработка.

По соработките со Кара Делевињ, Алекса Чанг и бројни познати модели, Џорџа Меј Џегер е само уште една девојка во ѕвезденото друштво на брендот.

Како што соопштија, манекенката заедно со дизајнерскиот тим напорно работела за да ја создадат ИТ кожената јакна за оваа есен, а покрај колекцијата јакни, тие креирале и свилени марами и други додатоци.

Парчињата веќе се на продажба ексклузивно преку веб страната на брендот, а сосема очекувано, цените им се само за нивните луксузни клиенти.

 

Објавено:
1 септември 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
992 пати