Пофалбите на сметка на дизајнерот Џорџо Армани не стивнуваат. А и со право. Дизајнерот покажа како се сака својата земја.
Тој беше првиот што донираше и тоа милионска сума за помош на Италија. Преку милион евра беа наменети за италијанските болници и институциите ширум државата.
Воедно е првиот дизајнер што ја презентираше последната колекција на Миланската модна недела онлајн и ѝ даде поддршка на Кина.
Прв ги затвори сите свои бутици.
Неговата компанија „Армани Груп“, неодамна најави дека се подготвува нова донација. Во меѓувреме, производството се пренасочи на маски и медицински комбинезони за една употреба.
И иако се потпишува зад некои од најубавите креции, сепак со оглед на времето во кое сега живееме, овие комбинезони ќе бидат најкорисната и најубавата креација некогаш направена од модната куќа.
фотографија од минатата година, Армани ги мести куклите на својот излог
Секако, дека Армани не е единствениот што придонесе за својата држава. Голем број италијански дизајнери и модни брендови донираа пари, произведуваат маски и заштитна опрема.
Но, едноставноста и пожртвуваноста која овој човек ја покажува, остава без зборови. Иако има 85 години, неговата желба за работа, страст кон модата, а сега видовме и љубов кон државата не стивнуваат.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram