Џулиен Мур во новата есенско-зимска кампања на Рид Краков

5 септември 2013

 

Црвенокосата 52-годишна актерка Џулиен Мур е избрана да биде заштитно лице во новата есен-зима 2013/14 кампања на модниот бренд Рид Краков. Кампањата е фотографирана од страна на самиот Краков кој вели:

-Јас веќе долги години му се восхитувам на нејзиниот неверојатен талент и уникатен стил и ја имав таа среќа да ја запознаам и да соработувам со неа, додавајќи дека актерката не само преку фотографиите туку и приватно отелотворува многу од вредностите на овој бренд, односно: „Комбинацијата на нејзината лична сила, самодоверба и суптилна сензуалност, силно се рефлектираат во фотографиите и доаѓаат до израз, а токму тоа и ми треба“, заклучува Краков.

 

 

Колекцијата за кампањата е графички и скулпторски родена од визијата за модерниот стил, на која Краков и вметнува еден нов пристап кон дизајнот преку луксузните и крајно практични модели на чанти, аксесоари, чевли и накит.

 

Рид Краков има поминато преку 20 години дизајнирајќи за американски брендови. Во прилог на неговата креативна работа во поглед на создавање облека и аксесоари, добил улога како заменик претседател на Советот на модни дизајнери во Америка од 2006 до 2010 година, кој Совет во два наврати му ја додели наградата за „Најдобар дизајнер на аксесоари на годината“. Краков е исто така и фотограф со истанчен вкус за перцепција на нештата, а неговата работа е изложена во низа списанија и магазини во Њујорк и Токио. Колекционер и патрон на уметноста, кој е во блиска релација со Smithsonian Cooper-Hewitt National Design Museum и Whitney Museum. Моментално работи и како професор во Парсонс школата за дизајн. Неговата мултиталентираност и сестраност кон уметноста генерално го прави единствен, а неговиот работен опус оригинален и неверојатен.

Еве ја и неверојатната галерија со Џулиен Мур во главната улога:

 

Објавено:
5 септември 2013
Категорија: 
Актуел