Џузепе Заноти ќе слави 20 годишнина на брендот во Ибица

11 јули 2014

По првичната прослава во Њујорк каде Џузепе Заноти имаше организирано интимна вечера во ресторанот „Waverly Inn“, дизајнерот реши да организира забава на Ибица. Супермоделот Каролина Куркова е почесен гостин на настанот, кој ќе биде всушност коктел забава во продажниот салон на Заноти во Ибица, а ќе продолжи со вечера во ексклузивниот „Lio Club“

Заноти во декември продаде 30% од акциите во сопствената компанија, а по лансирањето на лимитираната колекција златни чевли со наслов „Jewel“ во јуни, сега најави капсулна колекција со наслов „Rock ’n’ Roll“, која во продажните салони треба да почне да се продава од септември.

Според тврдењата на Џузепе, модата и музиката се цврсто поврзани – „Капсулната колекција е начин за означување на дваесетгодишнината од постоењето на брендот, а времето на рокенролот е период кога модата имаше најголемо влијание во музиката. Рок музиката е за сите оние кои имаат чиста душа, но поседуваат и дива страна од карактерот, а жените кои го негуваат овој стил се слободни во однесувањето и обожаваат да заведуваат“.

Објавено:
11 јули 2014
Категорија: 
Актуел