Џузепе Заноти на Ибица

25 јули 2013

Од сега па се до месец октомври на Ибица ќе биде отворена поп-ап продавница на познатиот италијански дизајнер Џузепе Заноти.

 

Медитеранскиот крај кој е познат по преубавите плажи, но и целодневните забави што привлекуваат милиони туристи си доби крато траен но и престижен салон за италијански чевли. Поради тоа се чини дека ова е вистинскиот потег на Заноти. Обувките прекриени со кристали, вртоглави високи потпетици во нијанси на тиркиз и сите модели за сезона есен-зима 2014, оваа лето  ќе бидат спомен од сјајно поминатите моменти на сите припаднички на женскиот пол, што од Ибица ќе си купат токму еден ваков пар на обувки. После денот поминат на море сите дами ќе можат да ги погледнат и да изберат од моделите на Заноти а притоа да ја видат и продавницата која е специјално дизајнирана во медитерански стил. Инаку, обожавателки на обувките на Заноти се: Кејт Мос, Кристен Дансет и Сиена Милер.

Ања Рубик во последната кампања на Заноти на есен-зима 2014 Ања Рубик во последната кампања на Заноти на есен-зима 2014

Објавено:
25 јули 2013
Категорија: 
Актуел