Ѕирнете што подготвува Елена Лука за оваа пролет

1 април 2015

Својата нова колекција за пролет-лето 2015 година, модната куќа Елена Лука ја најави со  скици од новите пролетни парчиња.

Според објавените скици, може да очекуваме колоритна, разиграна и нослива дизајнерска облека, која наскоро се очекува да биде пуштена во продажба.

Како што најавуваат од модната куќа, колекцијата ќе биде достапна во повеќе конфекциски броеви и лесно прилагодлива за различни прилики и во имиџот на жените со различен стилски идентитет.

Инаку, неодамна Елена Лука го отвори и својот прв продажен салон во Струмица, каде секоја сабота клиентите ќе имаат можност да остварат непосредна средба и да добијат професионални совети од споственичката на брендот, Елена Пандева.

Објавено:
1 април 2015
Категорија: 
Актуел