„Ѕирнете“ во величествениот архив на музејот на Кристијан Диор

7 април 2014

Во музејот Кристијан Диор се отвора изложбата „The legendary images: Great Photografhers and Dior“. Ќе бидат прикажани повеќе од 200 фотографии на дел од најпознатите модни фотографи кои веќе шеесет години ги претставуваат своите визии за модната куќа.

Ќе бидат претставени и познатите рекламни кампањи на брендот во последните две години. Но она што ќе привлече најмногу внимание се очекува да бидат старите и малку познатите фотографии како портретот на Кристијан Диор, потоа фотографијата со кројачката која шие дел од фустаните за висока мода, уловени од објективот на неприкосновениот Патрик Демаркелиер.

Изложбата во музејот Гранвил ќе биде отворена за сите посетители и фанови на Диор официјално од трети мај, па се до 21 септември. За таа цел издавачката куќа Рицоли ќе издаде и каталог каде ќе се најдат сите фотографии од изложбата. Каталогот што ќе се појави во форма на книга ќе се најде во продажба на полиците на сите познати книжарници веќе од 30-ти април.

Објавено:
7 април 2014
Категорија: 
Актуел