Ѕвездата на „Нимфоманијак“ е новото заштитно лице на Миу Миу

1 јули 2014

Миуча Прада долго време беше заинтересирана за Стејси Мартин, младата актерка која си ја наметна провокативната титула со улогата во „Нимфоманијак“. Сепак модната дизајнерка реши да ја ангажира актерката за двата бренда. По тој повод, на премиерата на првиот дел од филмот во Њујорк, Стејси се појави во креација на Прада, а на забавата по премиерата во модел од Миу Миу.

Таа е главниот протагонист во новата есенско – зимска колекција на Миу Миу. Кампањата за новата колекција е дело на фотографот Стивен Мејсел, кој создаде идеална филмска атмосфера за потребите на сликањето.

Објавено:
1 јули 2014
Категорија: 
Актуел