Ѕвездите блеснаа на црвениот килим на БАФТА наградите

12 април 2021

Ако БАФТА Наградите се едни од последните доделувања пред Оскарите и го најавуваат она што ќе нè очекува, тогаш треба да се подготвиме за одлични модни избори и фантастични изгледи.

Ѕвездите блеснаа на виртуелниот црвен килим на Британските награди за филм 2021. Церемонијата беше поделена во два дела, во живо од Лондон без публика и од студио во Лос Анџелес. 

Фиби Девенор во Луј Витон Актерите досега го примија штосот со новото нормално одржување на наградните церемонии па како минува времето, изгледаат сè подобро и подобро. Доказ за тоа беа Фиби Деневор, Ванеса Кирби, Гугу Мбата Ро, Марија Бакалова.

Црната боја преовладуваше во повеќето изгледи, што веројатно е и разбирливо, бидејќи сепак - ова е новото, опуштено, од дома нормално. Ѕвездата на Бриџертон носеше убав црн фистан со еден ракав.

Марија Бакалова беше освежување со везен летен фустан чии бои одлично и' прилегаа.

Марија Бакалова во Армани Приве

Она што мора да се признае е дека без разлика колку помлади се нејзините колешки од неа, Рене Зелвегер успеа да го украде внимание, изгледајќи феноменално! 

Рене Зелвегер во Армани Приве

А како секој друг, така и овој црвен килим си има свои падови. Селест ношесе смарагдно зелена тоалета со црни детали, со имплементиран тренд - големите реси. Меѓутоа ракавиците во склоп на фустанот изгледаат како да го гушат изгледот. 

Селест

Режисерката/актерка Емералд Фенел се ослучила за убава светла беж - бела креација, но нејзината фигура веројатно бара некоја пострукирана варијанта со израз ставен на половината. 

Емерал Фенел во Роланд Муре

Актерката и пејачка Андра Деј има многу убава фигура генерално, но овој зелен фустан, осовено во горниот дел изгледа како да и' е несоодветно скроен.

Андра Деј во Ели Саб

Погледнете ги изборите од виртуелниот и вистинскиот црвен килим од БАФТА 2021.

Ванеса Кирби во Версаче Гугу Мбата Ро во Луј Витон Софи Куксон во Армани Синтија Ериво во Луј Витон Пријанка Чопра во Пертегаз Андра Деј во Ели Саб Роуз Брн во Миу Миу Ана Кендрик во Зухар Мурад Емерал Фенел во Роланд Муре Фелисити Џонс во Валентино Косар Али во Александер Меквин Буки Бакрај во Прада

Објавено:
12 април 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.203 пати