Ѕвездите од Game of Thrones станаа родители

17 февруари 2021

Актерот Кит Харингтон и неговата сопруга, актерката Роуз Лесли станаа родители на мало момченце. Вчера двојката ја потврди веста изнесувајќи го бебето на прошетка.

Веста дека двојката од мега популарната серија Game of Thrones ќе добие принова, ја објави Лесли минатата година кога позираше со стомачето за дигиталниот британски магазин MAKE. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@roselesliesource)

Кит и Роуз се запознаа во улогите на Џон Сноу и Јигрит, кои подоцна станаа љубовен пар во серијата. Заедно се од 2012 година, а во 2018 се венчаа заедно со најблиските на имот во Шкотска. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Rock My Wedding (@rockmywedding)

Објавено:
17 февруари 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
245 пати