Error message

Ѕвездите зачекорија во црно на црвениот килим на Венецискиот филмски фестивал во чест на кралицата Елизабета Втора

12 септември 2022

Во чест на кралицата Елизабета Втора која почина на 8 септември на 96-годишна возраст, филмските ѕвезди зачекорија облечени во црни креации на црвениот килим за доделувањето на наградите и затворањето на Венецискиот филмски фестивал.

Од кумата на 79-тото издание на фестивалот Росио Муњоз Моралес, па сè до наградуваните актерки Кејт Бланшет и Тејлор Расел, низата режисери и гостите, црната боја доминираше на последниот ден на церемонијата.

По цветниот комбинезон потпишан од Скиапарели со кој се појави на отворањето на фестивалот, Кејт Бланшет се врати во црна романтична тоалета со едно рамо и интегрирана качулка чиј изглед станува уште поспецијален гледан одзади., овој пат со потпис на Луј Витон. Кејт е овогодишен добитник на Coppa Volpi за најдобра женска интерпретација во филмот „Tár".

Фото: Vogue

Тејлор Расел се појави како современа дива во едноставен бандо фустан зрачејќи со шармот на Стариот Холивуд со впечатлива панделка во задниот дел и брановидна боб фризура. Заедно со Тимоти Шаламе, 28-годишна актерка глуми во филмот „Bones", а оваа улога ѝ помага да се етаблира во панорамата на меѓународните ѕвезди.

Фото: Vogue

За време на фестивалот, актерката и кумата на настанот, Росио Муњоз Моралес, беше честопати забележана како носи Armani Privé, но за затворањето на настанот, таа облече модел со срцевидно деколте и впечатливо розов детал од колекцијата висока мода есен/зима 2022 на Армани.

Фото: Vogue

Џулијан Мур блесна во впечатлива и волуменозна креација на Диор, со карнери на деколтето и ракавите кои лежерно завршуваат веднаш под лактите. Со оваа тоалета Мур докажа дека црниот фустан на црвениот тепих може да изгледа лежерно, современо и гламурозно време.

Фото: Vogue

Во црни креации беа забележани и добитничката на Златен лав за најдобар филм, Лаура Поитрас во конкуренција со „All the beauty and the bloodshed". Режисерката ја прими наградата во панталони и кожна јакна, потпишани од Џорџо Армани, додека пак Вера Џема ја доби наградата Оризонти за најдобра актерка со филмот „Vera".

Фото: Vogue

Фото: Vogue

Објавено:
12 септември 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
707 пати