Модна ретроспектива: Десетка за десеттата сезона на „Еден на Еден“

17 јуни 2019

Осум месеци, преку 50 гости во 35 емисии и исто толку стајлинзи... Вака накратко би изгледала десеттата сезона на „Еден на Еден“ низ бројки.

Fashionel.mk powered by Elena Luka втора сезона по ред ја имаше честа да се погрижи за изгледот на водителот Жарко Димитриоски, а овој пат во соработка со бутиците „City Fashion“.

Секоја нова емисија - нова приказна и во модна смисла. Почитувајќи го досегашниот имиџ на водителот и замислата да се држи до елегантниот моден израз, одбиравме стајлинзи токму со таква нота, но мешајќи ги со модерните трендови.

Преку боите, принтовите и кроевите, како и модните додатоци создававме стајлинзи кои соодветствуваа на темата на емисијата, но и личноста на Жаре.

За разлика од претходната сезона кога предност имаа еднобојните класични комбинации, Fashionel.mk powered by Elena Luka оваа одлучи да си поигра со боите и дезените.

Совршените палта и одела од „Пјер Карден“ „Јоор“ и „Карл Лагерфелд“ кои, меѓу другите, можат да се најдат во понудата на „City Fashion“ ни овозможија да ја реализираме својата цел.

Карираните дезени беа апсолутен хит изминатата сезона, а токму тие беа и наш чест избор. 

Од класични, триделни одела кои беа совршен избор за специјалните, свечени епизоди, до лежерните, а сепак урбани стајлинзи кои подразбираат комбинации со ролка, или пак кошула со принт и палто во комбинација со џинс, оваа сезона ја направивме поинтересна и подинамична и во модна смисла .

Секако, за комплетниот впечаток, освен беспрекорните парчиња од споменатите брендови достапни во „City fashion“ придонесе и самиот Жаре. Тој со својата позитивност, младост, но и доследност да остане елегантен, а ние со нашите предлози , успеавме заедно да раскажеме модни приказни кои ја одбележаа оваа 10 сезона.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by FASHIONEL.mk (@fashionelmk) onJun 17, 2019 at 6:46am PDT

 

Во продолжение се потсетуваме на некои од највпечатливите моменти од емисиите и блескавите моменти на Жаре кога е изгледот во прашање :).

 

фото извор: fashionel.mk/ facebook.com/EdenNaEden/

Објавено:
17 јуни 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
435 пати