Една година Fashion DNA

13 октомври 2015

Модниот блог Fashion DNA, овој петок (16.10.2015) со интересна изложба ќе го прослави својот прв роденден.

Тоа воедно ќе биде заокружување на нивната работа од изминатиов период, која вклучува соработка со познати македонски дизајнери и фотографот Александар Јакимовски.

„Целта на годинешнава изложба е да упатиме апел до сите дизајнери, блогери, фотографи и организатори на модниот викенд, за подобра и поотворена комуникација. На тој начин би ни дале поддршка на нас блогерите, како релевантен фактор во создавање на модната култура и промоција на македонскиот автентичен дизајн“, велат Дани Ѓуровска и Александра Трпеска, кои исто така во оваа пригода ќе ги претстават и своите идни планови.

 Fashion DNA - Дани Ѓуровска и Александра Трпеска

На изложените фотографии, девојките носат парчиња од неколку модни дизајнери и куќи меѓу кои и „Елена Лука“, Антонија Ристовска и младата дизајнерка Бранкица Тодорова, студент на Европски универзитет Скопје.

Роденденската изложба и дружба ќе се одржат во кафе-барот Concept 37, со почеток од 21 часот.

Објавено:
13 октомври 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
782 пати