„Една вечер со...БЕЛИ ФАЛТИ“ под менторство на младиот дизајнер Живко Стоилов

17 декември 2013
„Една вечер со...БЕЛИ ФАЛТИ“ е завршница на работилницата за експериментални форми на која работеа студентите за арт и дизајн при ЕУРМ. Водени од желбата да се предизвика тродимензионалноста и да се изнајдат нови релации со материјалот, младите креативни истражувачи, навидум обичната школска вежба ја претворија во возбудлива бела сказна.
Младиот дизајнер Живко Стоилов е организатор на овој проект и вели дека неговата идеја за една ваква промоција не само што била прифатена од факултетот за арт и дизајн, туку била подржана и од другите две образовни насоки, графички дизајн кои ќе се претстават со изложување книги и архитектура кои ќе презентираат ламби.
„Јас работев само со студентите на моден дизајн. Белата боја ја одбрав како симболика за зима, снег, но најмногу за да се една добие целина. Проектот почна како вежба за запознавање на фалти, начини на фалтање, а прерасна во вистинска приказна со среќен крај“, изјави Живко за fashionel.
Сите кои сакаат да го погледнат овој проект  презентацијата ќе се одржи вечерва во кафулето „Концепт 37“, а во продолжение погледнете ги ексклузивните работни фотографии.
Објавено:
17 декември 2013
Категорија: 
Актуел