Едвај чекаме: После 16 години повторно ќе се снимаат „Пријатели“!

14 ноември 2019

После долгите шпекулации, гласини и неизмерно големата желба на обожавателите, екипата од „Пријатели“ повторно ќе се обедини.

Како пренесува „Холивуд репортер“, Дејвид Швимер, Џенифер Анистон, Метју Пери, Кортни Кокс, Мет Ле Бланк и Лиса Кадро повторно ќе ги гледаме на малите екрани како Рос, Рејчел, Чендлер, Моника, Џои и Фиби.

Пријателите ќе снимаат нова, специјална епизода, која ќе се емитува на „Ејџ-би-о Макс“. Дел од епизодата ќе бидат и Марта Кауфман и Дејвид Крејн, создавачите на серијата.

Изгледа дека првата фотографија на Џенифер Анистон на нејзиниот Инстаграм профил, како и средбата на Кортни Кокс и Метју Пери не беа воопшто случајни.

Во најавата вели дека специјалната епизода треба да ја очекуваме во 2020 година. „Ејџ-би-о“ одбиваат на коментираат на темата, но како пренесува „Холивуд репортер“, Боб Гринблат, челниот човек на „Варнер Медиа Ентертејмент“ бил во долги и сериозни преговори со шесте актери додека конечно не постигнале договор. 

Знаеме дека ви доаѓа да кажете:

 

Објавено:
14 ноември 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
600 пати