Ејми Адамс е новата модна муза на Макс Мара

2 август 2014

Добитничката на наградата „Златен глобус“, 39 – годишната Ејми Адамс е новото лице на италијанската модна куќа Макс Мара. Актерката ја сними рекламната кампања за есен-зима 2014 насловена „Timeless is now“ која вклучува луксузни модни додатоци, особено чанти и очила за сонце.

Ејми Адамс ја замени својата колешка Џенифер Гарднер. Фотографиите ги изработи италијанецот Марио Соренти. Креативниот тим фокусот на кампањата го насочи кон чантите „Sgnature“ и  „Margaux“.

Во видеото, Ејми позира во предимензиониран капут, впечатлива шминка која ги нагласува нејзините зелени очи, а во рацете држи луксузен модел на чанта. Црвенокосата холивудска дива открива дека нејзина омилена модна икона е Грејс Кели. Таа вели дека го обожава нејзиниот стил и чувство за креирање на мода, а особено го обожава нејзиниот талент и сенсот за хумор, зад кој се крие неверојатно интелигентна жена.

Таа открива дека настојува секогаш да биде во хармонија со природата и чувството на слобода е нешто кое ја прави да се чувствува своја. За новата колекција на Макс Мара, Адамс, вели дека е безвременска и автентична и дека и е чест што има можност да биде од оваа кампања.

 

Објавено:
2 август 2014
Категорија: 
Актуел