Ексклузивните попусти на венчаниците во Елена Лука продолжуваат до крајот на март

25 февруари 2019

Поради огромниот интерес, на Ваше барање и во пресрет на месецот на жената модниот бренд Елена Лука продолжува со неверојатниот попуст на венчаници до крајот на март!

Цел месец ќе биде во знакот на 50% попуст на сите изложени венчаници во ателјеата на Елена Лука.
Со овие ексклузивни саемски попусти имате одлична можност вашата венчаница од соништата да ја набавите на половина цена.

Елена Лука е моден бренд препознатлив токму по дизајнот на венчаници што се олицетворение на раскош и беспрекорна убавина, а за секоја невеста токму изборот на венчален фустан е клучен во целата организација на свадбената церемонија. Доколку веќе ја планирате вашата венчавка, тогаш овој викенд на ексклузивни попусти во Елена Лука е вистинскиот момент да се одлучите за венчаницата која совршено ви прилега.

Во богатиот избор на модели ќе најдете венчаници со дизајнерскиот потпис на Елена Лука што го следат сензибилитетот на секоја невеста. Во однос на естетиката, застапени се венчаници со минималистички дизајн и чисти лини со впечатливи детали, изработени од екстравагантни материјали до венчаници со раскошен волумен со акцентирани детали со рачно изработени везови.

Покрај попустот, Елена Лука до крајот на месец март ви обезбедува ваучери со 10% попуст на сите договори за нови венчаници или свечени фустани, па ова е одличен повод да ги посетите ателјеата на нашиот моден бренд.

 

Објавено:
25 февруари 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
416 пати