„Ел“ ја прогласи адвокатката Јадранка Слоковиќ за Модна икона

9 декември 2020

Хрватското издание на магазинот „Ел“ неодамна ги додели модните награди - „Elle Style Awards powered by H&М“.

А за Модна икона беше прогласена познатата адвокатка Јадранка Слоковиќ. За стилот на оваа дама  веќе сме пишувале и е комбинација на трендови и елеганција.

На доделувањето на наградите, кое се одвиваше онлајн, таа се појави во долг црн фустан и впечатлив ѓердан.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Elle Croatia (@ellecroatia)

Некриејќи го задоволството, адвокатката посочи една причина поради која ѝ е посебно драго што наградата оди токму во нејзини раце:

„Има врежан стереотип да, жените после педесетата стануваат невидливи - професионално, во медиуми, маркетиншки, а оваа награда го руши тој стереотип и тоа ми е многу драго, во име на сите жени над 50-тата“.

За тоа пак, што претставува модата за неа, ќе рече:

„Пред сè, тоа е средство за визуелна комуникација. Модата праќа порака за тоа - кои сме, што сакаме да бидеме, како сакаме другите да нè перцепираат. Модата е многу повеќе од она што ќе го „ставиш“ на себе. Тоа што го носам пред сè е одраз на мојата професија. Сакам да ме перцепираат како сериозна личност која има сериозна работа“.

Во продолжение погледнете дел од нејзините модни појавувања, кои навистина можат да бидат инспирација и за помлади дами:

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Index Rouge (@indexrouge)

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by DNEVNIK.hr (@dnevnikhr)

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by tportal.hr (@tportal.hr)

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by TabloidRTLhr (@tabloid.hr)

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Cover Style (@cover_hr)

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by zadovoljna.hr (@zadovoljnahr)

 

 

 

 

 

Објавено:
9 декември 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
4.355 пати