„Електричните сни“ на Кармен Кас во мартовскиот број на Flair

21 февруари 2014

 

Списанието Flair за своето мартовско издание, реши насловната страна да и ја отстапи на естонскиот модел Кармен Кас. Едиторијалот со наслов „Електрични сни“, го улови острото око на Катја Ралвес. Идејата на фотографката е мошне смела, особено на сликата каде Кармен позира без облека на превртен стол, криејќи ја својата сексапилност со трапезоиден модел на чанта.

Станува збор за фотосесија која е инспирирана минимализмот на урбаната архитектура. Чисти линии и геометриски форми, зачинети со ретро модни парчиња во црвена, бела и  црна и боја, низ кои има принтови на жолта и сина нијанса. Чевлите се во тотално футуристички стил, а во поглед на шминката и фризурата нема многу експериментирање, едноставен изглед, и коса на патец фатена во коњско опавче на долниот дел од вратот. Изгледите се стилизирани од Том Ван Дорп, фризурата е дело на Диего Да Силва, а за шминката се погрижи Мари Дуарт.

 

 

 

Објавено:
21 февруари 2014
Категорија: 
Актуел