Кога станува збор за стил, веќе знаете дека Елен Деџенерис е вистинска вљубеничка во минимализмот. Речиси секогаш, водителката на едно од најгледаните американски шоуа одбира едноставни парчиња што никогаш не излегуваат од мода.
Овој август, конечно ќе биде лансирана и нејзината детска колекција во соработка со брендот GAP, што таа ја најавува како колекција преку чии парчиња секое девојче на светот ќе се почувствува дека може да направи прекрасни и невозможни нешта.
Официјално, колекцијата во Америка ќе биде пуштена во продажба на 17. август, а веднаш потоа и во Канада, Кина, Британија и Јапонија.
„Многу се радувам што мојот бренд се здружи со GAP за да и охрабри сите млади луѓе да продолжат да ја следат својата пасија, без разлика дали е тоа наука, спорт, уметност или било што на светот. Следејќи ја мојата пасија, јас стигнав до она што сум денес – домаќин на ток – шоу, но и жена што паралелно се занимава со уште неколку бизниси“, изјави Елен по повод лансирањето на колекцијата со GAP.