Elena Luka Curvy Fashion: Модерни летни предлози за дамите со облини

26 јуни 2021

Жени со облини - Она што во модната индустрија пред децени беше речиси незамисливо, денеска е веќе прифатена естетика.

Движењето #bodypositivity овозможи да се види раскошната убавина на сите жени, а и модните дизајнери ги прегрнаа новите трендови и почнаа во фокусот на вниманието да ги ставаат и жените кои го преминуваат конфекцискиот број 40.

Модната куќа Елена Лука пак, уште од почетоците на своето работење во фокусот ја ставаше женската убавина во сите нејзини форми. Појдовната инспирација за создавање секогаш беше нејзиното височество Жена, со своите креации сместувајќи ја во различни модни приказни.

Денешнава пак, е само уште една модна страница на Елена Лука, со која покажува дека секоја жена е убава ако на вистински начин се прикаже нејзината убавина.

Во продолжение ќе видите неколку предлози за тоа како можете да изгледате во различни пригоди.

Секојдневен изглед со уникатни дизајнерски елементи

Авангардните креации се во ДНК на модната куќа Елена Лука, но следејќи ги светските тенденции и потребите на модерната жена без разлика на возраста, од модниот бренд ја проширија својата понуда и на пристапни секојдневни парчиња. 

Ние овој пат искомбиниравме уникатна дизајнерска блуза, со асиметрично брендирано парче. Лелеаво е и совршено го следи движењето, а воедно мами погледи. Во комбинација со црно здолниште или фустан (или некоја друга боја, ако сакате посмели комбинации) ќе добиете изглед кој може да биде ваш избор и за работното место, но и за секојдневните средби со пријателите, за прошетки... 

Класичните маички се секогаш добра идеја, а оваа со принт од брендот во предниот дел, во случајов е искомбинирана со панталони во интензивна боја, совршена комбинација за летното време. Но, ако сакате да додадете малку ексклузивност на изгледот, додадете вакво уникатно рачно изработено палто, со впечатливи детали и апликации, кое ќе ја издигне комбинацијата на едно ново ниво. Па, во исто време ќе добиете удобност, елеганција и екстраваганција.

 

Лежерен летен изглед

Летото е незамисливо без удобен макси фустан. Токму тоа е и нашиот следен предлог. Од пријатен материјал, со интересен и актуелен принт со точки, овој фустан лесно ќе се прилагоди на различни типови тело. Има и џебови што го прави и практичен, а во делот на рамениците има и карнери кои му даваат егзотична нота и можат да се носат спуштени или кренати, па ви даваат можност за повеќе избор.

На тоа додадете шешир со брендирана фина тантела и бидете вистинска Елена Лука дама и на високи температури.

 

Мал црн фустан

Секоја жена треба да поседува “мал црн фустан“. Е овој е одличен бидејќи лесно се прилагодува на линијата на телото, а во горниот дел е асиметричен, што го прави поинтересен и секси. Токму ова овозможува да се комбинира на разни начини. Ние имаме неколку предлози. Ако му додадете марама како моден додаток и високи потпетици ќе бидете елегантна дама која го преферира минималистичкиот стил.

Но, ако сакате повпечатлив изглед, нашиот предлог е оваа нежна наметка, со текстура во пастелна нијанса, која ќе му даде сосема нова димензија на црвниот фустан. Совршено за дамите кои не сакаат да се премногу разголени, а сепак со доза на сексапил.

Од друга страна, ако сте љубител на драматичноста, тогаш комбинацијата со бела волуменозна наметка е вистинскиот погодок. Ако ве очекува некоја веселба или настан каде треба да се истакнете, тогаш не двоумете се. Елена Лука знае како да го направите тоа.

 

Елегантна кралица

Со оглед на тоа дека прославите се повторно актуелни, ако сакате да изгледате како кралица на елеганцијата, нашиот предлог е оваа тоалета во кралско сина нијанса. Во горниот дел е збогатена со транспарентен дел со ракави во истата нијанса кој ќе направи да се чувствувате пријатно и луксузно. Кројот ја следи линијата на телото, која сепак поради материјалот кој има дискретен сјај и еластичност, овозможува максумална удобност. Со вистинските модни додатоци, како што е ова рачно изработено венче, ќе го постигнете саканиот ефект и ќе се одвоите од толпата.

 Ако сакате пак мини варијанта, тогаш овој металик фустан со карнери во смарагна кралска варијанта, може да биде вашиот избор. Летен, лесен, а сепак толку впечатлив. Во комбинација со цвет и високи потпетици, ќе се вклопи совршено за летна свеченост.

 

 

Елена Лука божица

 

За крај, нашиот предлог е изглед во кој не само што ќе останете запаметени, туку и ќе се раскажува за вас. Ако сакате навистина нешто несекојдневно, уникатно, блескаво, Елена Лука ќе ви го овозможи тоа. Овој уникатен материјал, впечатлив поради својата текстура и комбинација на бои, ќе мами погледи каде и да се појавите. Асиметричноста му дава доза на сексапил и боженственост, а секоја жена макар еднаш во животот треба да се чувствува токму така.

 

Ова секако не е сè, во салоните на Елена Лука во Скопје и Струмица, можете да најдете уште многу други уникатни парчиња кои ќе ја истакнат вашата убавина на начин на кој што посакувате. Тука е и нивниот дизајнерски тим, расположен да ве посоветува и да ви помогне да го изберете и да го имате најдоброто за вас. А секако, тука е и онлајн страната elenaluka.com, каде што ве дели само еден клик до комплетно шопинг искуство.

 

Објавено:
26 јуни 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
861 пати