29. Јуни (сабота) - Отворен кастинг за Елена Лука принцези

20 јуни 2019

Бајка е светот во кој заслужува да расте секое дете. А светот на бајките е безгрижен, насмеан, шарен, разигран и полн со фантазија.

За своите мали принцези, Елена Лука создаде токму таква сказна и ја наслови Elena Luka Princess. Ексклузивна и луксузна модна линија за сите принцези.

Бидејќи бајката не е совршена без своите принцези, Елена Лука отвора јавен кастинг за своите мали принцези. Дали и вие сте нашата мала Елена Лука принцеза?

Ова е одлична можност тие да станат дел од нашето семејство и нашата розова бајка.

А во бајковитиот свет на Елена Лука ве очекува фантазија во која малите принцези ќе уживаат и низ игра ќе се фотографираат!

Она што е значајно да се напомене е дека отворениот кастинг за сите Елена Лука принцези (од 1 до 12 години), ќе се организира на 29 јуни (сабота) во 12 часот во ателјето на Елена Лука во Капиштец, Скопје, каде ќе имаме можност преку одлична дружба и во прекрасна атмосфера да се запознаеме и да се фотографираме.

Ги известуваме родителите на нашите идни мали принцези, да испратат нивни фотографии и основни информации на некој од следните контакти:

E-mail: princess@elenaluka.mk
E-mail: contact@elenaluka.mk
Fan page: Elena Luka

Тимот на Елена Лука дополнително ќе ги контактира за деталите.

 

Објавено:
20 јуни 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.444 пати