Домашниот бренд Елена Лука ја започнува 2021 година со нова модна приказна која во фокус ја става љубовта - кон модата, кон градот, кон убавите нешта.
Утре (сабота, 16.01), точно напладне ќе се отворат портите од новиот современ showroom на Елена Лука во ГТЦ. Во светол, топол и отворен простор, следејќи ги светските трендови во уредувањето и со огромна понуда на секојдневни и свечени парчиња со препознатливата естетика на брендот, ова ќе стане вашето ново омилено и безбедно место за шопинг.
„Изминатата година ни покажа колку имаме потреба од љубов и поддршка. Во ова време кога на сите ни недостасуваат убави нешта и подобро расположение, се одлучивме да започнеме нова модна приказна. Ве покануваме да бидете дел од едно ново шопинг искуство, да се свртиме кон љубовта и да уживаме во модата, домашниот дизајн и градот. Ќе бидат запазени сите мерки за заштита и комплетна безбедност, па ги замолуваме сите свои пријатели и клиенти да ги почитуваат основните безбедносни протоколи – задолжително носење маска и држење дистанца. Ве очекуваме, за заедно да ја поделиме среќата и да ја почувствуваме љубовта!", порачуваат од брендот.
Новиот модерен простор се наоѓа на првиот кат во Градскиот трговски центар, до кино Милениум, а отворањето ќе биде во знакот на добра атмосфера, многу изненадувања, многу намалувања, затоа не пропуштајте ја шансата да имате една поинаква сабота.
Инаку, овој showroom во ГТЦ е продолжување на приказна на докажаниот бренд и надоврзување на успешното функционирање на продажните салони во Капиштец, Струмица и showroom Aerodrom, кои веќе со години градат една светска модна слика на домашната модна сцена. Воедно, ова е порака за љубов на сите оние кои со години ја следат работата на брендот, но и кон оние што допрва ќе станат дел од Елена Лука семејството.
View this post on Instagram
View this post on Instagram