Елена Лука им го разубави стартот на учебната година на учениците во Струмица

11 септември 2015

По повод Денот на ослободувањето на Струмица, 11-ти септември, како и почетокот на школската година, Банка за храна Македонија и Организација на жени од Струмица денеска доделија прехранбени пакети и училишен материјал на 60 деца од прво одделение во ООУ „Маршал Тито" Струмица, како и 20 пакети со прехранбени производи на семејства кои живеат во сиромаштија, а кои во континуитет ги помагаат.

„ООУ „Маршал Тито" е училиште во кое учат деца од различна етничка припадност, односно училиште со мултиетнички карактер и тоа е една од причините зошто токму таму се доделува помошта.
Пакетите се обезбедени со поддршка од општина Струмица, компании и поединци, меѓу кои и Елена Пандева, генерален менаџер на Елена Лука“, вели Ленче Христова, од Организација на жени од Струмица.

Елена Пандева е една од првите амбасадори на Банка за храна Македонија и покрај општина Струмица, таа еден од најголемите помагатели на истата во Република Македонија.

Елена Пандева

„Единствено нешто што ни преостанува во ова време на премрежја и искушенија, е да ја задржиме емпатијата кон луѓето и секогаш кога имаме можност да си помогнеме меѓусебно. Особено кога се деца во прашање, тогаш не постојат изговори и дилеми. Во соработка со непрофитната хуманитарна организација Банка за храна и Организацијата на жени од Струмица, се здруживме во една заедничка акција со која се надевам ќе им го олесниме секојдневието и уште повеќе ќе ги мотивираме учениците од ОУ „Маршал Тито" од градот од каде јас потекнувам", вели Елена Пандева која покрај својот бренд Елена Лука секогаш успева да ја поттикне хуманоста и кај другите луѓе следејќи го нејзиниот пример.

Објавено:
11 септември 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
3.490 пати