Елена Лука најавува нова луксузно-драматична колекција за претстојната есен-зима

30 септември 2014

„ELigion”,  е насловот од  новата колекција на реномираната модна куќа Елена Лука за претстојната сезона  есен/зима 2014-2015. Колекцијата се издвојува со оригинален и препознатлив стил, како и силен драматичен оптикум, кој претставува спој од богат избор на кроеви и конструкција во комбинација со разновидна материја.

“ELigion” е колекција исполнета со карактеристична структура и слоевита распределба на материја, која се состои од уникатни детали, рачни доработки и аксесоари за различен тип на силуета, а комплетниот  акцент е фокусиран на драматичноста од изгледот. “ELigion”,  е наменета за впечатлива, урбана и самоуверена Дама која преферира да се издвојува со својата појава.

Дека станува збор за уште едно уникатно дело, потврдува и најавната фотографија како и краткото видео, со кое воедно Елена Лука го најавува  претставувањето на колекцијата во јавност и тоа многу наскоро на 1-ви октомври (среда), во исто толку впечатливиот амбиент од сцената на новиот Македонски Народен Театар со почеток во 20 часот.

&feature=youtu.be

 

 

Објавено:
30 септември 2014
Категорија: 
Актуел