Елена Лука отвора ателје во Струмица

3 декември 2014

Успешната модна приказна на брендот Елена Лука отсекогаш била интимно поврзана со градот Струмица, од каде и потекнува генералниот менаџер Елена Пандева.

Елена Пандева Елена Пандева

Затоа, неслучајно овој град е следна дестинација каде модната куќа ќе го отвори своето ново ателје како празнично изненадување за струмичани.

Во центарот на градот ќе се расплете една нова современа приказна која ќе ја раскажува модата во едно уникатно поглавје. Елена Лука доследна на својот стил и сензибилитет, ќе и’ го доближи својот уникатен дизајн на најкритичната публика, токму поради фактот што е домашна.

Во автентичен амбиент кој ќе го рефлектира препознатливиот профил на афирмираниот бренд, струмичани наскоро ќе имаат можност да го купат своето омилено парче од омилениот бренд.

Стајлинзи од Бизнис колекцијата Стајлинзи од Бизнис колекцијата

На две нивоа, во пространа атмосфера ќе бидат изложени уникатни дизајни од Елена Лука меѓу кои и од најновата Бизнис колекција која ги задоволува вкусовите на деловните дами неазвисно од која бизнис сфера. Исто така, во рамките на ателјето ќе функционира и производствен сектор каде ќе можат да се изработуваат сите креации по мерка на клиентите.

Новите почетоци во годината која ни претстои ветуваат убави нешта. Елена Лука се врати дома со големи изненадувања за струмичани!

Наскоро ателјето ќе биде отворено на Бул. Маршал Тито бб. - Струмица

Објавено:
3 декември 2014
Категорија: 
Актуел