ЕЛЕНА ЛУКА се приклучува на глобалната кампања #Movember: Големи попусти на машката колекција

1 ноември 2022

Ноември е месец посветен на подигање на свеста за машкото здравје, преку познатата глобална кампања #Movember. Во таа насока се активира и модниот свет кој преку различни проекти го користи своето влијание да допре до што поголем дел од машката популација и да ги потсети мажите да не ги забораваат редовните здравствени контроли кои може да им го спасат животот.

Нашиот моден бренд ЕЛЕНА ЛУКА се приклучува кон глобалната кампања и порачува:

Драги мажи, симболично овој месец пуштете ги брковите и не заборавајте редовно да го контролирате вашето здравје. А ние како бренд сме секогаш тука да ви ги понудиме најдобрите парчиња од нашата машка колекција, сега со ексклузивен попуст кој стартува денеска (1 ноември) и ќе трае до 30 ноември.

Брендот на своите клиенти овој месец им нуди бројни изненадувања, подароци и огромен попуст од 50% на целата машка колекција која може да ја погледнете и на нивната онлајн продавница, www.elenaluka.com.

Во продолжение погледнете дел од нашиот избор трендовски машки парчиња за оваа сезона.

 

Објавено:
1 ноември 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
349 пати