Елена Лука со изненадувања за Денот на вљубените

4 февруари 2015

Четиринаесетти февруари Валентина и Валентин го прославуваат како свој именден, вљубените го празнуваат Св.Валентин, а љубителите на виното пак наздравуваат за Св.Трифун. Како и да е, љубовта е нивниот заеднички именител.

Црвената боја пак, е синоним за љубовта, а за сите оние кои симболично сакат да ги одбележат претстојните празници, Елена Лука ги изненадува со големи попусти.

Сите свечени и коктел тоалети во црвена боја ќе бидат на продажба со попуст до 70%, со што сега имате мотив плус да ги изненадите вашите најдраги со уникатна креација со дизајнерски потпис.

Покрај тоа, на 14. Февруари Елена Лука во својот продажен салон во Сити мол организира настан посветен на сите вљубени двојки, кои тука ќе може да се фотографираат, а оние со најкреативни фотографии  ќе добијат и интересни подароци од модната куќа.

 

 

Објавено:
4 февруари 2015
Категорија: 
Актуел