Елена Лука со нов ексклузивен showroom во Аеродром

1 декември 2020

Нова празнична шопинг дестинација во скопската населба Аеродром!

Модниот бренд Елена Лука од утре ги отвора вратите на својот нов showroom во станбено-деловниот комплекс „EL homes – Eco homes" каде ќе понуди еден современ моден концепт и богат програм на производи.

Во препознатлив амбиент карактеристичен за профилот на реномираната модна куќа, сите вљубеници во модата тука ќе може да уживаат во совршено шопинг искуство и да ги одберат своите омилени Елена Лука дизајни.

Во претпразничен дух, Елена Лука обезбеди и бројни изненадувања, подароци и попусти за своите клиенти. Притоа ќе бидат запазени сите мерки за заштита и комплетна безбедност, па во таа насока од брендот ги замолуваат сите свои пријатели и клиенти да ги почитуваат основните безбедносни протоколи – задолжително носење маска и држење дистанца.

Новиот showroom коj е лоциран на улицата „Фрањо Клуз" бр.6 во деловниот сектор на објектот „Business Homes", е продолжување на приказна на докажаниот бренд и надоврзување на успешното функционирање на продажните салони во Капиштец и Струмица кои веќе со години градат една светска модна слика на домашната модна сцена.

Празниците може да започнат, се гледаме во новиот showroom на Елена Лука во Аеродром!

Објавено:
1 декември 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.648 пати