Елена Лука утре го отвора своето ателје во Струмица

17 март 2015

Успешната модна приказна на брендот Елена Лука отсекогаш била интимно поврзана со градот Струмица, од каде и потекнува генералниот менаџер Елена Пандева.

Затоа, неслучајно овој град е следна дестинација каде модната куќа утре (18 март)  ќе го отвори своето ново ателје.

 

Во центарот на градот ќе се расплете една нова современа приказна која ќе ја раскажува модата во едно уникатно поглавје. Елена Лука доследна на својот стил и сензибилитет, ќе и’ го доближи својот уникатен дизајн на најкритичната публика, токму поради фактот што е домашна.

Во автентичен амбиент кој ќе го рефлектира препознатливиот профил на афирмираниот бренд, струмичани веќе од утре ќе имаат можност да го купат своето омилено парче од омилениот бренд.

На две нивоа, во пространа атмосфера ќе бидат изложени уникатни дизајни од Елена Лука меѓу кои и голем избор на урбани и уникатни креации за  идните матурантки, но и бајковити венчални фустани за идните невести. Исто така, во рамките на ателјето ќе функционира и производствен сектор каде ќе можат да се изработуваат креации по мерка на клиентите.

Елена Лука се врати дома со големи изненадувања за струмичани!

Објавено:
17 март 2015
Категорија: 
Актуел