По теркот на светските шопинг центри во пресрет на празниците, Елена Лука организира „Black Friday“ во својот продажен салон во Скопје Сити Мол.
Овој петок (28 ноември), Елена Лука ги отвора вратите за сите вљубеници во уникатниот моден дизајн со можност да го купат своето омилено парче потпишано од овој македонски моден бренд со големи попусти до 50 %.
Со цел задоволствата на купувачите да траат подолго, Скопје Сити Мол за време на оваа акција ќе го продолжи работното време до полноќ.
Овој „ден на ексклузивни попусти“ во светот се организира како неизбежен дел од празничната еуфорија, особено за време на божиќните празници. Тогаш вистински се чувствува празничната „магија“ кога светските шопинг центри нудат големи попусти на производите кои најчесто се пакувани во подароци за најблиските.