Елена Реи во ексклузивна фотосесија за Леонард Париз

20 јуни 2016

Македонскиот топ модел Елена Реи продолжува со одличните ангажмани во центарот на светската мода Париз. 

Како најнов проект што влегува во нејзиното портфолио е фотосесијата за луксузниот француски бренд „LEONARD“ формиран во далечната 1958 година од страна на Jacques Leonard, во тоа време познат под брендот Leonard Fashion. 

Фотосесијата за ресорт колекцијата 2017 на брендот беше ексклузивно објавена на страниците на онлајн изданието на Вог. 

Елена Реи останува во Париз до средина на летото, бидејќи модната сезона на случувања е во полн ек, а набргу започнува и модната недела за висока мода - Haute Couture.

 

Објавено:
20 јуни 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
370 пати