Ели Сааб нема да учествува на Париската модна недела за Висока мода

21 јануари 2021

За три дена во Приз ќе започне модната недела посветена на Високата мода, а Ели Сааб е еден од дизајнерите кои одбија да учествуваат.

Имено, модната куќа ја донела одлуката откако либанските власти воведоа уште една забрана како последица на новиот бран на ковид.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by ELIE SAAB (@eliesaabworld)

„Колекцијата е подготвена, но постојат проблеми со логистиката. Одлучивме да направиме кратка пауза и да го почекаме вистинскиот момент за претставување на новите креации“, вели Ели Сааб.

Покрај овој бренд, и други го повлекоа своето учество од модната недела.

Тимот на „Зухаир Мурад“ соопшти дека брендот сезонава нема да биде во можност да претстави комплетна колекција.

И Жан Пол Готје исто така одлучи да направи пауза, бидејќи смета дека ревиите немаат смисла без публика, а присуството на луѓет сега се смета за опасност од ширење зараза. Така, познатата модна куќа го одложу претставувањето на колекциите до јули годинава.

 

Објавено:
21 јануари 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
600 пати